Emel Öz Gözellik
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, денес изјави дека нема да учествува на средбата со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, доколку смета дека нема да биде продуктивнa, пренесува Anadolu Agency (AA).
По средбата со јапонскиот премиер Шинз Абе на Флорида, Трамп изјави дека е оптимист во врска со средбата со Ким.
„Ако мислам дека тоа нема да биде продуктивно, нема да учествувам. Ако средбата, додека сум таму, не е продуктивна, ќе ја напуштам со почит“, истакна Трамп.
Тој потсети дека неодамнешниот состанок на директорот на ЦИА, Мајк Помпео, и Ким поминал добро.