Kasım İleri
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Хилари Клинтон и Доналд Трамп остварија голема победа на последните прелиминарни партиски избори, во вторникот, оставајќи ги „далеку зад” другите претседателски кандидати, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп постигна победа во пет држави Конектикат, Делавер, Мериленд, Роуд Ајленд и Пенсилванија.
Зборувајќи за своите победи во овие држави, кандидатот на републиканците, Трамп, изјави дека „секоја од нив е посебна, бидејќи секоја е од различна земја”.
Кога станува збор за демократите, податоците покажуваат дека Клинтон остварила победи во три држави Конектикат Пенсилванија, Мериленд и Делавер.
Тимот на Клинтон не славеше само во Род Ајленд, каде што победи нејзиниот сопартиец Берни Сандерс.