Gamze Türkoğlu Oğuz
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во тајландската покраина Чианг Раи, во северниот дел на Тајланд, започна операција за спасување на 12 деца и нивниот тренер кои се загубија во комплексот пештери, по поплавата која ја зафати пештерата. Досега во започнатата операција се извлечени 5 од 12-те деца, пренедува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Новинската агенција „Кјодо“ (Kyodo) и информациите на припадниците на Војската и на локалните официјални претставници, досега од комплексот пештери Там Луанг, извлечени се 5 деца, во периодот помеѓу 17:30 и 18:00 часот по локално време.
При извлекувањето од пештерата, на секое дете му помагале двајца нуркачи.
Локален телевизиски канал објави дека децата извлечени од пештерата, со амбулантни возила се превезуваат до местото од каде со хеликоптери ќе се транспортираат до болница во Чианг Раи.

Операцијата за спасување на децата и нивниот тренер од пештерата започна во 10:00 часот по локално време.
Наронгсак Осака, гувернерот на тајландската покраина Чианг Раи, информираше дека во операцијата за спасување на децата учествуваат 13 странски и 5 тајландски нуркачи.
Во комплексот пештери Там Луанг, на 23 јуни останаа блокирани 12 деца на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер, поради поплавата која го зафати влезот на пештерата.
По 9 дена претрага беа пронајдени исчезнатите деца, но нивното извлекување беше оневозможено поради исполнетоста на поголемиот дел на пештерата со надојдената вода од интензивните врнежи дожд.