Eshat Fırat
20 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Израелските војници за време на протестите ранија 26 Палестинци на неколку локации во подрачјето на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Палестинската Црвена полумесечина се вели дека од 26 Палестинци, тројца се повредени со боева муниција, додека другите со гумени куршуми.
Се додава дека уште 55 лица, кои биле изложени на силно влијание на солзавецот, се хоспитализирани.
Денес, протести против одлуката на САД за Кудс се одржаа во Рамала, Хеброн, Тулкам и Наблус.
Црвената полумесечина објави дека израелските војници за време на интервенцијата во делови на Западниот Брег користеле солзавец, како и гумени куршуми и боева муниција.
Палестинците на тоа возвратија со камења, молотови коктели и запалени гуми.
Во почетокот на декември, американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел и предизвика остри критики од меѓународната заедница, особено од исламскиот свет.