Ekipa
14 Октомври 2021•Ажурирај: 15 Октомври 2021
БРИСЕЛ (АА) - Еврокомесарката Илва Јохансон денеска ги свика амбасадорите на Полска, Литванија и Латвија во Европската Унија поради третманот на мигрантите кои доаѓаат од Белорусија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Многу сум загрижена за извештаите за луѓето, меѓу кои и деца, заглавени во шумата во тешка ситуација на надворешните граници со Белорусија“, напиша Јохансон на Твитер.
Таа побара од полските, латвиските и литванските амбасадори во ЕУ да се сретнат со претставниците на Европската комисија и дипломатската служба на Блокот за да разговараат за можните начини за понатамошно дејствување.
Минатата недела, 12 држави на ЕУ, вклучувајќи ги Полска, Латвија и Литванија, во заедничко писмо побараа од Европската комисија да ја зајакне безбедноста на внатрешните граници на Блокот.
Потписниците повикаа буџетска поддршка од ЕУ за да се воспостават физички бариери и одбија инструментализација на илегалната миграција.
Според ЕУ, белорускиот претседател Александар Лукашенко ги поканил туристите од земјите главни извори на миграција во ЕУ со цел да се одмазди за санкциите на ЕУ против неговиот режим.
„Оваа година, веќе видовме повеќе од 6.000 мигранти кои нелегално пристигнале преку границата меѓу Белорусија и ЕУ, наспроти бројката од едвај 150 мигранти минатата година“, ги извести Јохансон законодавците од ЕУ минатата недела.