Melike Pala
29 Февруари 2024•Ажурирај: 01 Март 2024
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот парламент (ЕП) за првпат повика на „итен и траен прекин на огнот“ во Газа, каде што Израел продолжува со нападите, јавува Анадолу.
Извештајот за 2023 година подготвен на Генералното собрание на ЕП за „Состојбата на човековите права и демократија во светот и политиката на Европската Унија“ прифатен е со 265 гласа „ЗА“ и 253 гласа „ПРОТИВ“, а 10 беа воздржани.
Во членот 62 на Извештајот упатен е „повик за итен и траен прекин на огнот во Газа“, на кој членовите на Левицата на ЕП бараа измени.
Во ревидираниот и одобрен извештај се вели дека „ЕУ, нејзините земји членки и меѓународната заедница повикуваат на итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа за да се обезбеди непречен пристап на храна и вода за сите луѓе“.
Со ова Европскиот парламент за првпат повика на прекин на огнот во Газа. Во одлуката донесена на 18 јануари, „трајниот прекин на огнот“ беше условен со ослободувањето на сите заробеници и ликвидација на Хамас.