Fatih Hafız Mehmet
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на земјите на Европската Унија денеска се состанаа во Брисел за да дискутираат за тоа кој треба да ги преземе високите позиции во институциите на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето до новинарите, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека секој треба да го смени својот однос за да се постигне договор.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека треба да го поддржат Франс Тимерманс да стане следниот претседател на Европската комисија.
Тимерманс, кој во моментот е вицепретседател на Комисијата, е водечки кандидат на Партијата на европските социјалисти за оваа функција.
Сепак, земјите од Вишеградската група (Чешка Република, Унгарија, Полска и Словачка) се противат, цитирајќи ги идеите на Тимерманс за миграциската политика.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека ќе му биде мило доколку жена да ја преземе водечката позиција за Европската комисија.
Италијанскиот заменик-премиер и министерот за внатрешни работи, Матео Салвини, се пожалија за доминантноста на големите европски земји Франција и Германија за процесот на пополнувањето на функциите.
„Нема да постои поддршка од Италија за решението кое ќе ги задоволи Германците и Французите“, изјави тој.
По 18-часовниот вчерашен состанок, европските лидери не успеаја да одлучат кој да ги преземе претседателските позиции во Европската Унија.