Ekipa
12 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
АНКАРА (АА) - Жените кои живеат во земјите од Европската Унија, своето прво дете, во просек, го раѓаат на возраст од 29,1 година, објави денес „Евростат“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од „Евростат“ се вели дека средната возраст на прво породување, од 28,7 години во 2013 година, постепено се зголемувала во текот на изминатите пет години.
Официјалните бројки покажуваат дека 5,07 милиони бебиња биле родени во ЕУ во 2017 година, наспроти 5,15 милиони во 2016 година.
„Меѓу 5,07 милиони породувања, 45 отсто се однесуваат за прво дете, 36 отсто на второ дете и 19 отсто на трето или на следното дете“, се вели од „Евростат“.
Во ЕУ, 5 отсто од првите породувања биле од тинејџерки - кои биле на возраст под 20 години, а околу 3 отсто биле жени на возраст од 40 и повеќе години.
Од „Евростат“ исто така се нагласува дека вкупната стапка на фертилитет во блокот од 28 земји членки изнесувала 1,59 породувања по жена од 2017 година.
Меѓу земјите членки, највисока стапка е забележана во Франција со 1,90 породувања по жена, потоа во Шведска со 1,78 и Ирска со 1,77.
„Спротивно на тоа, најниските стапки на фертилитет се забележани на Малта (1,26 породувања по жена), во Шпанија (1,31), Италија и [грчкиот дел на] Кипар (1,32)“, додава Евростат.