İbrahim Khazen,Safiye Karabacak
17 Јули 2023•Ажурирај: 18 Јули 2023
КАИРО (АА) - При уривање на зграда во Каиро, главниот град на Египет, девет лица загинаа, а четворица се повредени, јавува Анадолу.
Екипите за пребарување и спасување поврзани со полициската управа во Каиро беа пратени на местото на настанот откако се урна петкатницата.
Екипите успеале да ги извлечат телата на девет лица од под урнатините. Извлечени се и четири повредени лица.
Продолжуваат операциите за пребарување и спасување.
Две згради се урнаа во Александрија на 26 јуни и 6 јули.
Уривањата на зградите во Египет често се резултат на неусогласеност или неуспех да се евакуираат оштетените згради.