Said İbicioğlu
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
ЕРУСАЛИМ
Министерот за надворешни работи на Египет, Самих Сукри разговараше со генералниот секретар на Палестинската ослободувачка организација (PLO) Саиб Урејкат за мировните преговори со Израел и за борбата против ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Египет соопшти дек Сукри и Урејкат разговарале телефонски и дека главна тема на разговорите била соработката против ширењето на пандемијата.
Во соопштението се наведува дека се придава големо значење на повторното започнување на преговори меѓу Палестина и Израел, откако ќе се надмине кризата предизвикана од пандемијата.
Според последните податоци во Египет со коронавирус се заразени 1.322 лица, додека 85 починале.
Во Палестина до сега е потврдено заразување кај 260 лица.