Emel Gözellik
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
АНКАРА
Бројот на детектирани случаи на лица заразени со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) изнесува над 1.400.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ прави секојдневно ажурирање на случаите на новодетектирани случаи на заразеност и смртни случаи по држави од светот. Според најново објавените податоци, во светот се детектирани 1.410.061вслучај на лица заразени со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).
Најголем број на лица заразени од Ковид-19 има во САД каде новиот тип на коронавирусот е детектиран кај 386.104лица. Следат Шпанија со 140.511, Италиа со 135.586, Франција со 109.069 и Германија со 106.504.
Во Кина се регистрирани 81.740 случаи на заразени со Ковид-19
Листа на земји од светот во кој бројот на заразени е над 10.000 изгледа вака:
Иран 62.589, В.Британија 55.242, Турција 34.109, Швајцарија 22.253, Белгија 22.194, Холандија 19.580, Канада 17.825, Австрија 12.613, Португалија 12.442, Бразил 12.377, Јужна Кореја 10.331.
Пандемијата на новиот тип на коронавирусот која за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, се рашири во 200 земји и региони од светот.
Досега од пандемијата на Ковид-19 во светот животот го загубија 81.010 лица.