Aydoğan Kalabalık
27 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
КАИРО (АА) - Остаток од бродот што минатата недела потона во близина на северниот брег на Египет, е извлечен на површина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на гувернерот на Ел Бухејра, Мухамед Султан, се наведува дека остаток од бродот што потона на 21 септември е извлечен на површина.
До денес се извлечени 169 тела на мигранти, а според официјалните податоци, спасени се 164 лица. На бродот се наоѓале мигранти од Судан, Еритреја, Сомалија и од Египет.
Египетските власти не се усогласија кога станува збор за бројот на мигрантите кои се наоѓале на бродот, па податоците варираат меѓу тристотини и шестстотини.
УНЦХР наведува дека на бродот се наоѓале 450 мигранти.
Земајќи го предвид бројот на удавените и спасените, на бродот се наоѓале најмалку 333 мигранти.