Ekipa
14 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
КАИРО (АА) - Египетскиот јавен обвинител вчера нареди да биде ослободен од затвор поранешниот претседател Хосни Мубарак, за првпат од 2011 година, соопшти локален судски извор, јавува Anadolu Agency (AA).
Мубарак владееше со Египет три децении, а беше соборен од власт со народното востание во 2011 година.
Тој беше затворен во април 2011 година и му е судено за неколку обвиненија, вклучувајќи корупција и убиство на антирежимските револуцинери, но беше ослободен од обвиненијата.
Мубарак единствено беше осуден за проневера на државните средства за уредување на раскошните резиденции на неговото семејство.
„Обвинителот на источен Каиро одлучи да го ослободи поранешниот претседател на барање на неговиот адвокат“, вели анонимниот извор за Anadolu Agency.
Во 2012 година, египетскиот суд го осуди Мубарак со доживотна затворска казна под обвинението „заговор на убиство“ на голем број демонстранти за време на востанието што го собори од власт.
Сепак, Апелациониот суд нареди повторно судење во 2014 година, и тој конечно беше ослободен од обвиненијата на почетокот од овој месец.