Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Hacer Başer
18 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Извори блиски до семејството на Мухамед Морси велат дека египетската влада го одбила барањето на неговото семејство Морси да биде погребан на семејните гробишта во неговото родно место, во покраината Шаркија, јавува Anadolu Agency (АА).
Првиот демократски избран египетски претседател, Мухамед Морси, почина денес во судница. Според наводите на египетската државна телевизија, Морси починал откако претходно останал без свест во судницата.
Морси беше петтиот претседател на Египет, а на таа должност беше во периодот од јуни 2012 до јули 2013 година, кога беше соборен со државен удар.
Откако беше сменет, тој се соочи со низа сериозни обвинувања, вклучувајќи и поттикнување убивање на своите противници.
Во мај 2015 година, тој е осуден на смрт за шпионажа, бегаство од затвор и за обвиненија за тероризам, но тоа беше поништено следната година.