Vesna Besic
03 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
САРАЕВО (АА) - На гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, на 11. јули оваа година ќе бидат закопани посмртните остатоци на 70 жртви од геноцидот што се случи во јули 1995 година, на подрачјето на Сребреница, јавува Anadolu Agency (AA).
За овогодишниот колективен погреб нема веќе закажани идентификации, меѓутоа, доколку некое од семејствата во меѓувреме се изјасни дека сака да ги погреба посмртните остатоци на член од семејството, тоа ќе биде сторено.
Меѓу седумдесетте жртви кои оваа година ќе бидат закопани во колективната погребна церемонија има и седум малолетници. Најмладата жртва што ќе биде закопана на 11. јули во Поточари е 15-годишно дете, а најстарата жртва е родена во 1923 година.