Erbil Başay
08 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
БЕРЛИН (АА) - Едно лице почина, а најмалку 30 се повредени откако автомобил влета меѓу пешаци во центарот на Берлин, соопштија властите денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на берлинската полиција, Тило Кабиц, рече дека во 10:30 часот по локално време едно лице влетало со своето возило меѓу луѓе.
„Во моментот истражуваме дали е ова намерно дело, сообраќајна несреќа или итна медицинска ситуација“, рече Кабиц.
Потврди дека едно лице починало, а дека многу луѓе се повредени.
Кабиц рече дека возачот го задржале граѓаните на местото на настанот и дека е приведен при доаѓањето на полициските екипи.
Инцидентот се случил во близина на популарниот трговски булевар „Курфирстендам“, една од најфреквентните улици во градот, во западниот дел на главниот град на Германија.