Esat Fırat
03 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
КУДС
Ултраортодоксните Евреи (Хареди) во Израел го нападнаа возилото на екипата на Агенцијата Анадолија (АА), која снимаше во Западен Кудс (Западен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипата на АА, составена од уредникот на вестите за Блискиот Исток, Тургут Алп Бојраз, фоторепортерот Мустафа Харуф и снимателот Фаиз Ебу Румејле, беше нападната за време на снимањето во областа Меа Шеарим во Западен Кудс (Западен Ерусалим), каде што Харедите се најбројното население.
За време на анкетата што ја спроведуваше по улиците, екипата на АА дозна дека нивното возило е нападнато и веднаш замина на локацијата каде што се наоѓаше возилото.
Новинарите, кои видоа дека е скршено ветробранското стакло, предниот дел на возилото, табличката на возилото и дека во возилото се фрлени камења и смет, повикаа полиција.
- Харедите со камења и стапови се обидоа да ја нападнат екипата на АА
Групата Хареди, кои се собраа на местото каде што пристигна полицијата, со камења и стапови се обидоа да ја нападнат екипата на АА.
Екипата на АА, која се спаси во инцидентот, поднесе жалба против напаѓачите.
- Изјава од израелската полиција
Во писмената изјава на израелската полиција се наведува дека турската медиумска екипа е нападната во областа Меа Шеарим.
Меѓу другото, во изјавата се забележува дека прозорците на возилото, што ѝ припаѓа на екипата на АА, се искршени и дека измет од животни е фрлен внатре во возилото.
Во изјавата, исто така, се наведува дека полицијата излегла на самото место и ја спасила екипата од нападот и дека е започната истрага во врска со инцидентот.