Adam Abu-bashal
08 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
АБУЏА
Во нигериската држава Лагос експлодира цистерна со гориво. Според првичните проценки, во несреќата животот го загубија 8 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите објавени во локалните медиуми се наведува дека во подрачјето Алимошо во државата Лагос, од засега непознати причини дошло до експлозија додека од цистерна се истоварало гориво на една бензиска станица.
Според првичните проценки, од експлозијата животот го загубиле 8 лица, а голем број се повредени.
Претставниците на власта изразија загриженост од можноста за зголемување на бројката на починати.
Ибрахим Фаринлој, заменик-координатор на нигериската Агенција за раководење со итни состојби (SEMA) за државата Лагос, го потврди настанот, но не даде информации за бројот на загинати.
Фаринлој соопшти дека на местото на несреќата се испратени екипи за итни интервенции, додавајќи дека ситуацијата е ставена под контрола.