Sayed Khodaberdi Sadat
27 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
КАБУЛ
Во северниот дел на Авганистан, во покраината Фарјаб се случи експлозија во која животот го загубија 5 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на полицијата соопштија дека експлодирала бомба во подрачјето на Гадаи Кале, кое се наоѓа во близина на градот Мајмана во провинцијата Фарјаб. Експлозијата на бомбата се случила на подрачјето каде што си играле деца.
Во соопштението се вели дека во експлозијата животот го загубиле 5 деца.
Се претпоставува дека бомбата е поставена од терористите.
На подрачјето на кое се случи експлозијата, синоќа имало судир меѓу талибанците и безбедносните сили.