свет

Експлозија во Авганистан, загинаа 5 цивили

Портпарол на гувернерството на Нангахар, во изјава за АА истакна дека бомбата поставена покрај патот во близина на Хасаки Мајн, била активирана во моментот кога по патот минувало возило со цивили

Sayed Khodaberdi Sadat  | 21.04.2018 - Обновена : 21.04.2018
Експлозија во Авганистан, загинаа 5 цивили

Kabul

КАБУЛ (АА) - Пет цивили ги загубија животите од експлозија на бомба поставена покрај патот во подрачјето на Хасаки Мајн кое се наоѓа во авганистанската покраина, Нангахар, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпарол на гувернерството на Нангахар, во изјава за АА истакна дека бомбата поставена покрај патот во близина на центарот на подрачјето Хасаки Мајн, била активирана во моментот кога по патот минувало возило со цивили.

Портпаролот рече дека во експлозијата загинале пет цивили, додека 14 се повредени, меѓу кои има и деца.

Тој додаде дека некои од повредените се во тешка состојба.

Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın