Emel Gözellik
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
АНКАРА
Во кинеската покраина Хубеи настана експлозија во хемиска фабрика. Од експлозијата животот го загубија 5 лица, а едно е рането, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави кинеската информативна агенција „Синхуа“, во градот Тиенмeн во покраината Хубеи настанала експлозија во хемиска фабрика што се наоѓала во индустриската зона.
Од експлозијата животот го загубија 5 лица, додека едно лице е повредено.
Повреденото лице е префрлено во болница, а полицијата започна истрага во врска со несреќата.