03 Февруари 2024•Ажурирај: 06 Февруари 2024
АТИНА (АА) - Пред седиштето на Министерството за труд во Атина, Грција, денес одекна експлозија, која предизвика штета во подрачјето, пренесува Анадолу.
„Неидентификувани лица се јавиле во весникот ЕФСИН во 00:49 часот по локално време и известиле дека бомба ќе експлодира пред Министерството за труд во рок од 40 минути“, пренесе грчката државна телевизија ЕРТ.
По предупредувањето, полицијата започнала евакуација и го затворила сообраќајот.
Бомбата, ставена во вреќа, експлодира во 01:29 часот, при што е причинета штета на зградата во која е сместено Министерството и во околината, не се пријавени жртви, ниту повредени.
Како што јави ЕРТ, одговорност за експлозијата презела организација која тврди дека е „Организација за револуционерна самоодбрана“.