Enes Kaplan
27 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
АЛЖИР (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на африканската турнеја го посети Алжир каде што на аеродромот „Хуари Боумедин“ свечено го пречека претседателот на Сенатот, Абделкадир Бенсалах, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата функционери потоа одржаа состанок зад затворени врати.
Турскиот претседател за време на посетата на Алжир се состана и со премиерот Ахмед Ујахиа.
Во текот на состанокот на двајцата државници потпишани се бројни договори за соработка помеѓу двете земји.
На церемонијата на потпишување на договорите присуствуваа делегациите на двете земји.
Делегацијата на Турција ја сочинуваа и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за економија, Нихат Зејбекџи, министерот за царина и трговија, Булент Туфенкџи и министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак.
По Алжир, турскиот претседател ќе ги посети Мавританија, Сенегал и Мали.