свет

Ердоган му подари модел на турско домашно електрично возило Тогг на неговиот индонезиски колега

- За време на официјалната посета на Индонезија, Ердоган му подари на Субјанто електрично возило од турско домашно производство Тогг од моделот Т10Х во претседателската палата Богор во регионот на Западна Јава.

Mücahithan Avcıoğlu  | 12.02.2025 - Обновена : 13.02.2025
Ердоган му подари модел на турско домашно електрично возило Тогг на неговиот индонезиски колега

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Ердоган денес на неговиот индонезиски колега Прабово Субјанто му подари модел на турското домашно електрично возило Тогг, јавува Анадолу.

За време на официјалната посета на оваа земја во Југоисточна Азија, Ердоган му подари на Прабово електрично возило од турско домашно производство Тогг од моделот Т10Х во претседателската палата Богор во регионот на Западна Јава.

Двајцата лидери го разгледаа возилото надвор од палатата.

Индонезискиот претседател седна зад воланот и ја разгледа внатрешноста на електричното возило.

Индонезија е втората станица на турнејата на Ердоган во три земји во Азија оваа недела.

Претседателот најпрво ја посети Малезија и му подари сличен модел на електрично возило на малезискиот премиер Анвар Ибрахим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın