Can Erözden
01 Декември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се состана со холандскиот премиер и кинескиот претседател во рамките на Самитот на Лидерите Г20 во Буенос Аирес, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот меѓу Ердоган и холандскиот премиер Марк Руте беше затворен за медиумите и траеше речиси еден час.
По средбата со холандскиот премиер, Ердоган одржа разговори со кинескиот претседател Си Ѓипинг, кој траеше 30 минути.
За време на состаноците Ердоган беше придружуван од страна на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, министерот за трезор и финансии Берат Абајрак, директорот за комуникации во кабинетот на турскиот претседател и министерот за трговија Рухсар Пекчан.
Дводневниот самит Г20 во Аргентина започна денес. Аргентинскиот претседател, Маурисио Макри, кој е претседател на овогодишниот Самит Г20, им посака добредојде на лидерите Г20 во центарот Коста Салгуеро.
Околу 15.000 лица се очекува да присуствуваат на Самитот. Најмалку 3.000 новинари го следат Самитот.
На првата сесија од Самитот Г20 ќе се разговара за човечките вредности, глобалната економија, иднината на бизнисот и еманципирање на жените.
Втората сесија ќе се однесува на оддржлив развој и клима, додека на третата сесија ќе се дискутира за инфраструктурата, енергетиката и иднината на оддржлива исхрана.
Заедничката изјава се очекува да биде објавена утре, на крајот од Самитот.