свет

Ердоган: Последиците од копнената операција на Израел во Либан ќе се разликуваат од сличните потези во минатото

- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес предупреди дека последиците од сегашната копнена операција на Израел во Либан ќе бидат многу различни од сличните потези во минатото

Gizem Nisa Çebi  | 01.10.2024 - Обновена : 01.10.2024
Ердоган: Последиците од копнената операција на Израел во Либан ќе се разликуваат од сличните потези во минатото

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес предупреди дека последиците од сегашната копнена операција на Израел во Либан ќе бидат многу различни од сличните потези во минатото, јавува Анадолу.

„Последиците од копнената операција во Либан нема да бидат слични на минатите окупации (на Израел)“, рече Ердоган во обраќањето на повторното отворање на Парламентот на Туркије по летниот одмор, направено само по неколку часа откако израелските војници и тенкови почнаа да се движат во соседен Либан.

Осудувајќи ги акциите на Израел во регионот, тој го критикуваше речиси едногодишниот „геноцид“ во Газа и неодамнешните „терористички напади“ во Либан, велејќи дека Владата на Израел се обидува да ги испровоцира регионалните земји во конфликт.

„Водена од заблудата за 'ветената земја', по Палестина и Либан, израелската Влада ќе ги насочи погледите кон нашата (турска) татковина“, предупреди тој.

Истакнувајќи ја тежината на ситуацијата, тој рече:

„Окупацијата, теророт и агресијата се веднаш до нас. Ние не се соочуваме со држава обврзана со закон, туку со орда убијци што напредува со крв и се храни од окупацијата“.

Велејќи дека „израелската агресија е насочена и кон Туркије“, Ердоган вети дека неговата влада „ќе се спротивстави на овој државен тероризам со сите средства што ни се на располагање“ за да ја заштити нацијата и нејзината независност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.