Mümin Altaş
22 Септември 2022•Ажурирај: 22 Септември 2022
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на вечерата што ја приреди американскиот претседател Џо Бајден за време на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на вечерата, којашто се одржа во Американскиот природонаучен музеј, присуствуваше заедно со првата дама Емине Ердоган.
Заедно со другите лидери кои присуствуваа на Генералното собрание и нивните сопружници, турскиот претседател и првата дама беа пречекани од Бајден и неговата сопруга.
Вечерата беше затворена за медиумите.