Ekipa
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - На церемонијата организирана во бродоградилиштето Тузла-Седеф по повод испраќањето бродови за производство на електрична енергија, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека се изградени 4 брода од ваков вид, од коишто 2 брода во Индонезија, а по еден во Гана и Мјанмар ќе произведуват електрична енергија и ќе придонесат за задоволување на енергетските потреби на овие земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, којшто му честиташе на Холдингот Карадениз поради фактот што Турција ја има издигнато на значајно место во светски рамки, во областа на изградба енергетски бородви и поради нивното менаџирање, истакна дека компанијата во моментот гради 9 бродови од ваков вид во Либан, Гана, Индонезија и Замбија со вкупен капацитет од 1.500 мегавати. Тој истакна дека во новите бродови ќе се обезбедни капацитет од 6.000 мегавати. Тој ѝ честиташе на компанијата за придонесот во турската економија.
Претседателот Ердоган рече дека најголемиот проблем на Турција е „неможноста од самопромоција, тој додаде:
„Главната причина за ова се уникантите карактеристики коишто ги поседува Турција. Каде во светот има држава која има толку многу проблеми, а во исто време да има и економски раст, јас лично не знам. Има голема разлика во перцепцијата за нашата земја. Перцепцијата на оние што не ја познаваат нашата држава и нашиот народ е ваква: земја каде што оперираат сите терористички организации, земја којашто интервенира во кризните држави како што се Сирија и Ирак, и земја којашто е вмешана во сите кризи што се случуваат во подрачјето на Кавказ, Црното Море и балканските земји. Но, ние сме земја којашто пред само 4 месеци беше изложена на обид за државен удар. Вистина ли е ова? Да, вистина. Но, Турција не е составена само од ова. Оваа слика е само едната страна од медалот. Но, ајде да ја видиме и другата страна на медалот. Од другата страна имаме една Турција којашто секогаш реализира проекти на светско ниво, земја којашто е водач на иновации, земја којашто не се оддалечува од сопствените цели и покрај големите кризи, земја која се развива и која станува посилна“.
- „И да има вечерта обид за државен удар, утредента сите работи функционирaат како што треба“ -
„Активностите на терористичките организации имаат влијание само во местата кадешто ги изведуваат тие активности. Ова нас нè загрижува и огoрчува, но никогаш не влијае врз нашите работи. И да има навечер обид за државен удар, утредента сите нешта функционираат како што треба“, истакна Ердоган.
Тој рече дека утредента, по обидот за државен удар, околу 2,5 милијарди долари биле внесени на пазарот со девизи и додаде:
„Централната банка не внесе никанви девизи на пазарот. Мојот народ, граѓанинот, утредента од под јастук на пазарот внесе околу 2,5 милијарди долари. Ќе продолжиме да бидеме пример за светот со нашиот хуман став кон кризата во Сирија и Ирак, иако не докажа никаква помош од никаде. Ние реализираме проекти којшто се малку во светот, ние реализираме мегаломански проекти во соработка и со јавниот и со приватниот сектор. За овие проекти немаме никакви проблеми, ниту за инвеститор, ниту за техничките капацитети. Ова прашање има врска со прашањето на доверб, со прашањето на безбедноста. Ако не беше оваа стабилност и доверба немаше да доаѓаат и кредитите којшто вие ги земате од различните странски земји“.
Истакнувајќи дека изградбата на бродовите претставува важен проект од областа на енергетиката и оти ги испратиле во земји кадешто ќе користат, Ердоган се надоврза дека на 20 декември ќе се пушти во употреба подводниот Евро-азиски тунел. Тој рече дека тунелот ќе биде на два нивоа и дека возилата ќе можат да преминат од европскиот до азискиот дел и спротивно. Покрај ова, Ердоган потсети дека на 26 август ќе биде пуштен во употреба и третиот мост Султан Јавуз Селим.
Турскиот претседател нагласи дека веднаш пред обидот за државен удар бил пуштен во уптреба мостот Осман Гази, како важен дел од проектот за автопатот Истанбул-Измир и додаде дека продолжува изградбата на третиот аеродром во Истанбул, којшто ќе биде најголемиот во светот.
Ердоган рече дека се реализираат 29 проекти за брзи возови и градски болници. Тој потсети и на урбаната трансформација со која се планира да се срушат и повторно да се изградат околу 6,5 милиони куќи.
Тој исто така потсети на успесите на Турција и во областа на одбранбената индустрија, како земја којашто произведува безпилотни летала, оружје и муниција.
Ердоган истакна: „Почитувани мои браќа, нашата разлика е во тоа што ние успеваме да реализираме проекти и покрај нашите проблеми, којшто ако ги имаше некоја друга држава ќе банкротираше. Затоа, јас велам дека Турција не посрамоти никого којшто ѝ верува и којшто инвестира. Еден важен дел од меѓународните инвеститори поради тоа што ja гледaат овaа реалност продолжуваат да ги зголемуваат инвестициите. Ги повикувам инвеститорите и им велам да не ги пролонгираат инвестициите, не се двоумете, ќе задоцните и ќе се каете. Во врска со пролонгирањето, не треба да правите ваква грешка, затоа што ќе изгубате. Дојдете и побрзајте со вашите инвестции. Јас, како што му верувам на мојот народ и на мојата земја, исто така им верувам и на нашите бизнисмени. Сликата која што ја гледаме овде е најдобар доказ дека довербата е на место“.