Ferdi Türkten
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати порака до американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот за комуникации на Претседателството на Турција наведено е дека Ердоган во пораката до Трамп, посакал претседателските избори да бидат корисни за пријателскиот и сојузничкиот народ на Соединетите Американски Држави (САД).
„Без оглед што ќе покажат официјалните резултати од изборите, Ви благодарам што во изминатите четири години од вашиот мандат поставивте искрена и одлучна визија турско-американските односи да се развиваат на основа на заедничките интереси и вредности. Во контекст на нашите заеднички интереси нужно е на овој силен терен да го унапредиме историското пријателство, партнерство и сојузничките односи помеѓу нашите земји. Сакам да бидете сигурни дека Турција во наредниот период на тој план ќе вложи секаков напор", порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердогани додаде:
„Во оваа пригода уште еднаш искрено Ви се заблагодарувам на вашето вообичаено топло пријателство и изразувам искрени желби за мир и просперитет на народите на САД."