Özcan Yıldırım
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара порача дека останало многу малку до влегувањето на турските сили во Африн и дека Турција таму не влегува со цел да окупира, туку Африн да им го предаде на оние на кои тој навистина им припаѓа, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес зборуваше во Народниот културен и конгресен центар Бештепе, каде ги угости муфтиите од турските градови. Во фокус на неговото обраќање беше и борбата против тероризмот.
Зборувајќи за операцијата „Маслинова гранка “, Ердоган истакна дека од почетокот на операцијата биле неутрализирани 3.400 терористи.
Ердогна нагласи дека цивилите никогаш не биле мета на турската војска, и додаде:
„Ние никогаш за мета не ги земавме цивилите. Доколку тие ни беа мета, Африн одамна би паднал “, порача турскиот претседател.
Зборувајќи за случувањата во Африн, Ердоган потсети дека терористите ги користеле цивилите како жив штит.
„До денес неутрализиравме 3.400 терористи. Влегуваме во Африн, остана уште многу малку. Но ние таму не одиме за да го окупираме. Во Африн одиме да го предадеме на оние на кои тој навистина им припаѓа“, порача Ердоган.
Зборувајќи исто така за терористичките организаци ДЕАШ и ФЕТО, Ердоган ги спореди со тројански коњ, кој,како што рече, исто така е уфрлен меѓу муслиманите и во кој е скриена интрига.