Hakan Çopur
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - На седницата на Комитетот за надворешни односи при Сенатот на САД, стана збор за тоа дека треба да се дискутира за овластувањата што ги има претседателот на САД, Доналд Трамп, околу користењето на нуклеарното оружје, и беа изнесени тврдења дека тој има 'нестабилен и променлив' карактер, јавува Anadolu Agency (AA).
По 40 години, за првпат во Конгресот на САД се дикутираше за 'нуклеарните овластувања' на еден претседател на САД.
На состанокот на Комитетот за надворешни односи при Сенатот зборуваше сенаторот од Конектикат, Крис Марфи, кој рече: „Загрижени сме поради мошне нестабилниот и променлив карактер на претседателот на САД. Неговиот период на донесување одлуки е како кај сонувач и може да даде одлука за нуклеарен напад кој е надвор од националните интереси на САД“.
Освен тоа, Марфи рече дека е потребно да се прифати исклучителната природа на ситуацијата во којашто се наоѓаат.
- „Непријателите нѐ следат одблизу“ -
Републиканецот Марко Рубио, сенатор од Флорида, член на Комитетот, рече дека тоа е тема надвор од седницата и го окарактеризира како: „индиректен показател за недостаток во употребата на нуклеарното оружје од страна на САД“, предупредувајќи дека е потребна внимателност по ова прашање. Сенаторот Рубио своето обраќање го заврши со зборовите: „Нашите непријатели нѐ следат одблизу“.
Претседателот на Комитетот за надворешни односи, сенаторот на Тенеси, Боб Коркер, рече дека голем број претставници во Конгресот повремено се загрижени поради непредвидливото однесување на Трамп, но истакна дека дискусијата околу овластувањето за употреба на нуклеарното оружје е тема на којашто треба да се зборува со особено чувство.
Трамп за време на своето обраќање на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации, го нарече претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун „човек-ракета“ и рече дека доколку е потребно, нема да се двоуми да ја уништи таа земја.
Коркер минатиот месец изјави дека Трамп директно ја влече САД кон III. Светска војна.