Şeyma Uzundere
02 Мај 2022•Ажурирај: 03 Мај 2022
ЕРЕВАН (АА) – Во Ереван, главниот град на Ерменија, продолжуваат антивладините протести, а полицијата интервенираше и од слобода лиши десетици демонстранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Повикувајќи се на изјавите на полициските претставници, ерменската новинска агенција „Арменпрес“ јавува дека демонстрантите ги блокирале главните улици во Ереван.
Полицијата интервенираше и од почетокот на протестите приведе 189 демонстранти.
Меѓу приведените беше и заменик-претседателот на Републиканската партија, Армен Ашотјан.
Антивладините демонстрации во Ереван почнаа вчера. Незадоволни од актуелната ситуација во земјата, особено по поразот од Азербејџан во Карабах, демонстрантите бараат оставка од ерменскиот премиер Никола Пашинјан.