Muhammet Tarhan
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Ерменскиот министер за надворешни работи, Зохраб Мнатсаканјан, рече дека се загрижени од евентуална интервенција на Турција во азербејџанско-ерменскиот конфликт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мнатсаканјан во интервјуто за францускиот ТВ Канал 24 на прашањето: „Дали сте загрижени за директната можна турска интервенција во овој конфликт?“ Мнатсаканјан рече: „Очигледно не можеме да бидеме рамнодушни кон тоа. Секако, тоа е прашање за загриженост.“
Ерменскиот министер нагласи дека се загрижени за можната директна интервенција на Турција во азербејџанско-ерменскиот конфликт.
Тврдејќи дека Ерменија инсистира на преземање мерки за намалување на ризиците од конфликт и испитување на нарушувањата на прекинот на огнот, Мнатсаканјан рече дека Азербејџан не е во иста мера упорен во однос на преземањето мерки за намалување на ризиците од конфликт.
Тој исто така наведе дека се обидуваат да обезбедат добра основа за поддршка на мировниот процес меѓу двете држави.
Ерменската војска на 12 јули започна напади врз позициите на азербејџанската Војска во пограничниот регион Товуз, а азербејџанската страна одговори на нападите и го осуети ерменскиот обид за окупација на пограничните делови и стратешки важните региони.