Emre Gürkan Abay
13 Септември 2022•Ажурирај: 14 Септември 2022
ЕРЕВАН (АА) – Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека интензитетот на судирите со Азербејџан утринава е намален и дека според податоците на Министерството за одбрана на Ерменија, досега загинале 49 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во обраќањето во ерменскиот Парламент, Пашинјан говореше за последните судири на азербејџанско-ерменската граница.
Наведе дека не се согласуваат со пристапот на Азербејџан кон договорите постигнати во ноември 2020 година.
Истакнувајќи дека интензитетот на судирите утринава е намален, Пашинјан рече: „Според податоците на Министерството за одбрана на Ерменија, досега имаме 49 загинати, но тоа не е конечната бројка.“
Пашинјан наведе дека ерменскиот Совет за безбедност заседавал во текот на ноќта и одржувал консултации до утринските часови.
Посочувајќи дека како резултат на состанокот ерменската Влада донела одлука да поднесе официјално барање до Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO), Пашинјан рече дека ќе даде ажурирани информации за бројот на оние што ги загубиле животите во судирите по одредено време.
Во соопштението на ерменската Влада се наведува дека Пашинјан телефонски разговарал со иранскиот претседател Ебрахим Раиси за судирите на азербејџанско-ерменската граница.