Ruslan Rehimov
13 Ноември 2021•Ажурирај: 15 Ноември 2021
БАКУ (АА) - Ерменците извршија терористички напад врз азербејџанските и руските војници во Карабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничкото соопштение на Министерството за внатрешни работи на Азербејџан и Канцеларијата на главниот обвинител се наведува дека ерменскиот државјанин Нораир Мирзојан и други лица фрлиле рачна бомба од видот РГД-5 на пунктот во близина на селото Тасалти, кај Шуша, каде што на стража биле азербејџански и руски војници.
Наведено е дека во нападот се повредени тројца азербејџански војници, и дека Обвинителството на Азербејџан покренало истрага.
На социјалните мрежи споделени се фотографии на кои се гледа дека е фрлена рачна бомба на контролниот пункт со азербејџански и руски војници, и дека руските војници привеле едно лице.