Tufan Aktaş
27 Септември 2018•Ажурирај: 28 Септември 2018
АДИС АБЕБА (АА) - Етиопските ортодоксни христијани, во главниот град Адис Абеба традиционално го прославуваат Фестивалот „Мескел“, во чест на „Откривањето на Светиот крст“ (Вистинскиот крст) од страна на римската императорка Елена (Света Елена) во четвртиот век, јавува Anadolu Agency (AA).
На прославата одржана на Плоштадот на крстот, покрај претседателот на Етиопија, Мулату Тешоме, присуствуваше Абун Матијас, патријахот на ортодоксната црква, како и голем број туристи.
Илјадници православни христијани на Фестивалот носеа традиционална бела облека.
Фестивалот „Мескел“ се слави во чест на „Откривањето на Светиот крст“ (вистинскиот крст на кој бил распнат Исус) од страна на римската императорка Елена (Света Елена) во четвртиот век. Прославата започнува со палење оган.
Етиопските и еритрејските ортодоксни христијани, според Грегоријанскиот календар, Фестивалот „Мескел“ го слават на 27 септември, а во престапните години, на 28 септември.