Ömer Aydın
27 Септември 2018•Ажурирај: 28 Септември 2018
ПАРИЗ (АА) - Вегани во Франција, во текот на ноќта организираа протести пред кланици во пет подрачја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Ле Фигаро“ (Le Figaro) јави дека одредени вегани претходно ги напаѓале месарниците „поради заштита на животните“, но овој пат се одлучиле на протести низ цела земја.
Организатор на протестот е здружението „269 Liberation Animale“, кое се противи на консумирањето производи од животинско потекло, а веганите демонстрираа пред кланиците во градовите Мес, Талаудере, Удан, Базас и Ламбал.
Демонстрантите, кои тврдат дека во Франција дневно се убиваат 3 милиони животни за исхрана, читаа документи во кои се истакнуваат правата на животните.
Пред одредени кланици се собраа вработени во месарници и продавници за деликатесни производи и укажуваа на улогата која месото ја има во француската гастрономија и култура. Поставија и штандови на кои нудеа готови производи од животинско потекло.
Весникот „Ле Паризиен“ (Le Parisien) јавува дека вработените во кланиците реагирале на протестите.
За време на демонстрациите се преземени високи безбедносни мерки.
Веганите и активистите за заштита на правата на животните, и претходно низ земјата напаѓаа месарници и продавници за деликатесни производи. Откажан е фестивалот кој би требало да биде одржан во Лил, а пред месарницата се ангажирани припадниците на обезбедувањето за да ги спречат евентуалните напади.