Ömer Tuğrul Çam
15 Септември 2022•Ажурирај: 16 Септември 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) нареди истрага за трагедијата во која загинаа шест лица, меѓу кои пет деца, а која се случи поради грчкото истуркување на мигрантите во Егејското Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Канцеларијата на портпаролот на Европската комисија е одговорено на прашањето на новинарот на АА за смртта на шесте мигранти, меѓу кои две бебиња, три деца и една жена, меѓу многуте нерегуларни мигранти што грчките сили ги истуркуваат кон отворени води во Егејското Море.
Изразувајќи жалење за загубата на животи, од Канцеларијата на портпаролот на ЕУ е соопштено: „Потсетуваме на важноста да се преземат сите мерки за да се спречат вакви трагедии, како во овој инцидент за кој извести Туркије.“
„Европската комисија повеќепати ги повикуваше земјите членки и сите меѓународни актери вклучени во операциите за пребарување и спасување да дејствуваат брзо и координирано и што е можно поскоро да ги почитуваат законите кои се однесуваат на безбедноста на оние кои бараат помош на море. Европската комисија очекува националните власти да ги истражат сите наводи за да ги утврдат фактите“, се додава.
Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), исто така, реагира на смртта на шесте нерегуларни мигранти кои грчките безбедносни сили ги истуркаа од територијалните води.
Портпаролката на УНХЦР, Шабија Манту, одговарајќи на прашање на новинарот на АА, рече: „Ваквата загуба на животи е неприфатлива. Повторуваме дека треба итно да продолжиме со навремени и ефективни напори за пребарување и спасување во Средоземното Море со иницијатива на властите.“
Анкара и глобалните групи за човекови права постојано ја осудуваа нелегалната практика на Грција да ги враќа барателите на азил кон турските води и да не им дозволува влез во Грција, велејќи дека тоа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право со загрозување на животите на ранливите мигранти, меѓу кои има и жени и деца.
Туркије е клучна транзитна точка за барателите на азил кои сакаат да преминат во Европа и да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогон.