Rabia İclal Turan
03 Ноември 2022•Ажурирај: 04 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) е благодарна за помошта на Туркије и Обединетите нации (ОН) за посредување во враќањето на Русија на Договорот за извоз на жито, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„ЕУ е благодарна за улогата на ОН и Туркије во одлуката на Русија да се врати на Црноморската иницијатива за жито“, напиша на Твитер шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
„Храната никогаш не треба да се користи како оружје во војна“, додаде тој.

„Извозот на жито е клучен за справување со глобалната криза со храна што ја влошува Русија“, рече тој и ги повика сите страни да ја прошират иницијативата за коридорот за жито преку Црното Море.
На 22 јули, Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито преку Црното Море, кој беше прекинат по почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во саботата Русија соопшти дека го прекинува учеството во договорот поради, како што наведе, украинските напади врз нејзината Црноморска флота.
Но вчера, Туркије и Русија го соопштија враќањето на Москва кон договорот по посредништвото на Анкара и ОН.
Сегашниот договор истекува на 19 ноември, а Туркије и другите земји се залагаат за негово продолжување.