Selen Temizer
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
БРИСЕЛ
Европската Унија (ЕУ) одвои 700.000 евра помош за да ги задоволи потребите за храна, ќебиња, хигиена и прва помош на мигрантите на границата со Белорусија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Европската комисија се наведува дека Унијата најпрвин префрлила 200.000 евра на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC).
Меѓу другото, во соопштението се наведува дека ЕУ придонесува на Фондот за итни случаи за помош при катастрофи на ИФРК и ќе го поддржи белорускиот Црвен крст во набавката на потребните материјали.
Се нагласува дека ЕУ доделила дополнителен фонд за помош од 500.000 евра и е во комуникација со партнерските институции за распределбата на помошта.
Еврокомесарот одговорен за управување со кризи, Јанез Ленарчич, ги повика надлежните институции од двете страни да обезбедат континуиран пристап до хуманитарна помош за мигрантите.
Од 8 ноември на границата меѓу Белорусија и Полска продолжуваат страдањата на повеќе од 2.000 луѓе, вклучително и на значителен број деца и жени, кои дојдоа од Ирак и Сирија за да имигрираат во Европа.