Ata Ufuk Şeker
18 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) на компанијата „Google“ (Гугл) ѝ изрече рекордна казна во вредност од 4,3 милијарди евра поради кршењето на пазарните норми со мобилниот оперативен систем Андроид, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Европската комисија се наведува дека компанијата „Google“ (Гугл) е должна во рок од три месеци да го промени спорното работење за доминацијата на Андроид и кршењето на правилата за конкуренција на пазарот.
Европската Унија го обвини „Гугл“ уште во 2016 година, а станува збор за спорната практика, пребарувачите и некои други апликации, да ги нуди исклучиво оперативниот систем Aндроид.
Раководството на компанијата поднесе жалба против изречената парична казна.
„Андроид нуди избор за сите. Силен систем, брзи иновации и пониски цени се карактеристики кои го издвојуваат од конкуренцијата“, се вели во соопштението.