Ekipa
20 Јануари 2022•Ажурирај: 21 Јануари 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија го повика Израел да го запре уривањето во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), нарекувајќи го принудното раселување на Палестинците незаконско според меѓународното право, јавува Агендија Анадолија (АА).
„ЕУ го повикува Израел да не продолжува со својот план за изградба на 1.450 станбени единици меѓу Хар Хома и Гиват Хаматос“, се вели во соопштението објавено синоќа од Питер Стано, главниот портпарол на дипломатската служба на Блокот.
„Проширувањето на населбите, уривањето и протерувањето се незаконски според меѓународното право“, рече тој.
Тој го нарече зголемениот број уривања на палестински објекти и принудното иселување од Западниот Брег е загрижувачки тренд и нагласи дека можноста за понатамошни иселувања на палестинските семејства ќе ги поттикне тензиите.
Планот за изградба на Израел „дополнително ќе ја поткопа можноста Ерусалим да служи како иден главен град на двете држави и да ги запре сите активности за населување“, додаде тој.
Вчера, израелските власти го урнаа домот на семејството Салие по нивно принудно иселување во населбата Шеик Џарах во окупираниот Источен Ерусалим.
Семејството рече дека во домот живееле од 1948 година, откако биле протерани од населбата Ајн Карен во Западен Ерусалим.
Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, според меѓународното право се смета за окупирана територија, со што сите еврејски населби таму се нелегални.
Како и Турција и голем дел од меѓународната заедница, ЕУ не го признава суверенитетот на Израел врз териториите што ги окупира од 1967 година.
Од 2001 година, блокот постојано го повикува Израел да ги прекине сите активности за градење населби и да ги уништи веќе постоечките.