Alaattin Doğru
20 Јануари 2022•Ажурирај: 21 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Научниците откриле џиновски корален гребен кај Тахити, најголемиот остров на француската Полинезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
УНЕСКО соопшти дека коралниот гребен, кој е еден од најголемите во светот, е пронајден на длабочина од 30 метри.
Гребенот е долг 3 километри и широк 30 до 65 метри, а некои корали на него се со дијаметар над 2 метри.
„Коралните гребени со форма на роза се во совршена состојба, што ова откритие го прави многу важно, бидејќи тие се соочуваат со закана од климатските промени“, додадоа тие.
Научниците поддржани од УНЕСКО го открија гребенот по 200-часовна сесија на нуркање на 21 ноември.
Тие, исто така, започнаа истражување за тоа зошто гребенот не е директно погоден од климатските промени со поставување сензори за температура околу него.
Поголемиот дел од коралните гребени околу светот се формираат на длабочина до 25 метри во вода, додека гребенот во Тахити на самрак е видлив од 30 до 120 метри.