Yusuf Hatip
03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
БРИСЕЛ
Европската Унија (ЕУ), во врска со тековните работи за формирање безбедносна зона во северна Сирија истакна дека е важно да продолжат дипломатските преговори меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) за создавање на безбедносната зона, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ние ја разбираме легитимната загриженост на Турција за безбедноста на границата со Сирија“, рече портпаролот на Европската комисија, Карлос Мартин Руиз де Гордехеља.
Тој во дневниот брифинг за медиумите истакна дека е важно да продолжат дипломатските преговори меѓу Турција и САД за воспоставување на безбедносната зона.
„За нас е важно да нема нови вооружени судири во северна Сирија и цивилите во регионот да не се раселуваат“, нагласи Гордехеља.