Zehra Ulucak
03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Јужните и источните делови на Јужна Кореја се под влијание на тајфунот Митаг, кој досега, според првичните проценки, одзеде 7 животи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција „Јонхап“, властите информираат дека поројните врнежи од дожд и силниот ветар кои со себе ги донел тајфунот Митаг, предизвикале несреќи во кои животот го загубиле 7 лица, а голем број луѓе се повредени и исчезнати.
Властите соопштија дека постои сомневање дека под свлечиштето до кое дошло во градот Бусан, се наоѓаат 3 лица од исто семејство, и ја изрази својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинатите. Во исто време продолжуваат спасувачките операции во регионот.
Официјалните претставници информираа дека поради тајфунот, кој е активен на островот Чеџу и на останатите јужни делови од земјата, од тие подрачја се евакуирани над 1.500 лица. Поради тајфунот, повеќе од 44.000 семејства останале без електрична енергија, но кај 82% од нив се успеало повторно да се дистрибуира електрична енергија.
Свлечиштето до кое дојде во подрачјето на Бонгва предизвика воз да излета од шините, а поради интензивните врнежи од дожд, за пристап се затворени некои улици.
Објавена е фотографија на која може да се забележи како од поплавите кои го зафатиле градот Канин, одеднаш патот останал под вода. Поради тајфунот, откажани се патувањата на 83 релации со патнички бродови.
Тајфунот Митаг, од почетокот на неделата е активен во североисточните делови на Тајван. Поради силниот ветар и поројните врнежи од дожд откажана е наставата во училиштата, прекината е работата во државните институции, а во исто време се откажи и голем број летови.