Selen Temizer
21 Октомври 2021•Ажурирај: 22 Октомври 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија е загрижена за новиот полски закон кој им дозволува на пограничните служби непосредно протерување на мигрантите кои ја преминуваат незаконски границата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во обраќањето во Европскиот парламент за дебатата за протерувањето на мигрантите на надворешните граници на ЕУ, еврокомесарката Илва Јохансон рече „извештаите укажуваат дека предлогот во изменетиот полски закон за странци за ингеренциите на пограничните служби да дозволат или одбијат пристап до постапка за азил не е повеќе практика на теренот“.
„Моите служби се во разговори со полските власти во согласност со правните норми на ЕУ (EU acquis)“.
Новите тензии настанаа со одлуката на полскиот Уставен суд на 7 октомври по расправите помеѓу Варшава и Брисел за владеењето на правото.
Судот ја објави својата одлука дека законите во државата имаат предност пред ЕУ-легислативата.
Практиките на Полска за прашањата како што се владеење на правото, слобода на медиумите и независното судство беа критикувани од страна на ЕУ со години.
Несогласувањата за владеењето на правото помеѓу Полска и ЕУ ќе биде на агендата на денешниот Самит за лидерите на ЕУ на барање на одредени држави.
- Не е првпат -
„Пред две недели, истражувачки новинари од непрофитната медиумска куќа „Лајтхаус репортс“ објавија наводи за насилни протерувања на мигрантите на ЕУ-границите. Вие повикавте на оваа дебата како одговор на овие објави“, рече Јохансон.
Нагласувајќи дека не е првпат да добијат такви извештаи таа додаде: „Комисијата има добиено бројни наводи за протерувањата, вклучително и од Агенцијата за мигранти на ОН (УНХЦР).“
„Насилството на нашите граници никогаш не е прифатливо. Особено ако е структурирано и организирано“, истакна таа, додавајќи дека има тврдења за злоупотреба на средствата од ЕУ-фондовите.
Таа кажа дека побарала од властите на Хрватска, Грција и Романија да истражуваат за сите потврдени извештаи за злоупотреба на средства.
„Комисијата ќе преземе чекори доколку таквите наводи се потврдат и ќе ги обнови средствата кои се неоправдано искористени. Европските плаќачи на данок очекуваат од нас да ги заштитиме нашите граници и да се држиме до правилата.“
Јохансон потсети дека Хрватска веќе го поставила механизмот за следење, истакнувајќи дека и на Грција ѝ е потребен самостоен механизам за следење.
- „Насилните протерувања никогаш не треба да станат прифатливи“ -
Повторувајќи ги повиците за санкции за режимот на Лукашенко во Белорусија, Јохансон рече: „Насилните протерувања никогаш не треба да бидат прифатливи. Истуркувањата никогаш не треба да бидат легализирани“, нагласи Јохансон и додаде дека со цел да се спасат животи, режимот мора да биде сопрен.
„Најмалку седум луѓе починаа досега на нашите надворешни граници со Белорусија. Смртните случаи се неприфатливи.“