Selen Temizer
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
БРИСЕЛ (АА) - Aдалберт Јанз, портпаролот на Европската комисија, истакна дека се „многу загрижувачки“ истуркувањата и инсертите од насилства на границите на Европската Унија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јанз на дневната прес-конференција на Комисијата се осврна на инсертите од истуркување на бегалците на границите на ЕУ објавени вчера во европските медиуми.
„Снимките од истуркувањето и насилството на границите на ЕУ објавени вчера се многу загрижувачки. Делата на насилство и малтретирање на бегалците се неприфатливи и треба да се истражуваат. Комисијата е остро против тоа“, истакна портпаролот Јанз.
Нагласувајќи дека присилните враќања се нелегални и националните власти имаат обврска да ги истражат наводите, Јанз рече: „Комисијата и понатаму е сериозно загрижена поради доказите и извештаите доставени од Европскиот парламент и Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).“