Ömer Tuğrul Çam
11 Август 2022•Ажурирај: 12 Август 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) испрати четири авиони во Франција со цел помагање во гасењето на шумските пожари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Европската комисија, Франција побарала помош во борбата против пожарите во рамки на Механизмот на ЕУ за цивилна заштита.
По овој повик за помош, ЕУ во Франција испрати четири авиони за гасење пожари стационирани во Грција и Шведска.
Покрај тоа, од Германија, Полска, Австрија и Романија во Франција се упатени противпожарни тимови.
Пожарите кои минатиот месец избувнаа во подрачјето на Ландирас во јужниот дел на Франција и покриваат површина од околу 14.000 хектари, сѐ уште целосно не се ставени под контрола.
Се истакнува дека во последните два дена околу 10.000 лица се евакуирани од оваа зона.
Во операциите за гасење на пожарите се вклучени авиони, како и 1.100 пожарникари.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин, претходно истакна дека девет од десетте пожари во Франција се подметнати. Според него, во земјата на ден се појавуваат околу 200 пожари, а поголемиот дел од нив брзо се гаснат.