Ata Ufuk Şeker
12 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
БРИСЕЛ (АА) - Членките на ЕУ и понатаму се неуспешни во реализацијата на планот за распределба и згрижување на бегалците од Грција, Италија, Турција и од Либан, јавува Anadolu Agency (AA).
Со договорите од споменатите пет држави, ЕУ се обврза да изврши распределба и згрижување на бегалците од камповите, а ЕУ во новообјавениот 11. Извештај покажа дека членките и понатаму не ги исполнуваат тие обврски.
Во согласност со договорот, останатите членки на ЕУ се обврзаа до крајот на септември оваа година, од Грција и од Италија да преземат и да згрижат вкупно 160.000 бегалци, а Европската комисија соопшти дека од 10 април, на тој начин се згрижени 5.001 бегалец од Италија и 11.339 бегалци од Грција.
Членките на ЕУ со планот од 2015 година се обврзаа од камповите во Турција, Јордан и од Либан да преземат и да згрижат 22.507 бегалци, а досега се згрижени 15.492.
Во договорот со Турција за решавање на мигрантската криза, ЕУ вети дека ќе преземе и ќе згрижи 72.000 бегалци, а згрижени се вкупно 4.618. Откако им е понудено префрлување во земјите на ЕУ, 671 бегалец се одлучија да останат во Турција.