Şerife Çetin
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
БРИСЕЛ (АА) - Високата комесарка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, ги осуди вчерашното спроведување на смртните казни во Саудиска Арабија и порача дека ЕУ најостро ја осудува и генерално се противи на смртната казна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Могерини во писмено соопштение го осуди вчерашното погубување на 37-те лица осомничени за тероризам во Саудиска Арабија, и порача дека оваа ситуација би можела да предизвика судири меѓу месхебите и муслиманските верски деноминации.
„ЕУ најостро ја осудува и генерално се противи на смртната казна. Сметаме дека оваа сурова и нечовечка казна нема ефект на одвраќање“, порача Могерини.
Во Саудиска Арабија вчера беа погубени 37 лица поради обвиненија за тероризам. Сите погубени беа државјани на Саудиска Арабија.